Top Sport

Вардар ги кани навивачите на заедничка средба пред првиот тренинг

ФК Вардар ги покани своите навивачи да дојдат на првиот официјален тренинг како дел од подготовките на новата сезона, со посебна акција за најверните навивачи.

„Црвено-црните“ сега се под целосно водство на навивачката група „Комити“, која најавува презентација на плановите за иднината на најпопуларниот македонски клуб.

„Почитувани навивачи на клубот,
Ве покануваме утре, на првиот официјален тренинг на ФК Вардар, кој ќе се одржи веднаш позади западната трибина на Градскиот стадион
Собирот на навивачите, започнува во 18:00ч, на фонтаната во Градскиот парк.
На собирот, ќе може да се купат промотивни маички “Вардар – клуб на народот”, по цена од 500 денари.
Покрај тоа, пред сите јавно ќе бидат соопштени начелата на нашата најголема заедничка акција – Продажба на членски карти, со кои ќе можат да се проследат сите домашни натпревари на ФК Вардар, во сезоната 2023/24.
Бидете присутни, зошто борбата започнува утре!“ , велат од Вардар.

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top