Top Sport

Шахјтор се заканија дека ќе ги тужат Тотенхем за Манор Соломон

Извршниот дирекетор на украинскиот клуб Шахтјор Доњец, Сергеј Палкин се закани дека ќе ги тужи Тотенхем ако тие се обидат да потпишат договор со израелскиот фудбалер Манор Соломон како слободен играч.

Тотенхем се заинтересирани за 23-годишниот Соломон, кој лани помина една сезона на позајмица во Фулам по суспендирањето на договорот со Шахтјор по војната во Украина. ФИФА одлучија дека сите странски фудбалери во Украина и Русија можат да ги суспендираат своите договори ако сакат да заминат од земјата. Соломон го направи токму тоа, но има уште една година од договорот со Шахтјор.

Судот за арбитража во спортот ја потврди одлуката на ФИФА, но Шахјтор планираат тужба до Швајцарскиот федерален суд и поднесоа жалба пред Европската Комисија и Палкин им се закани на Тотенхем да не обидуваат да ја искористат ситуацијата.

„Веќе контактирав со Соломон и негеовиот агент и го поканив назад во нашиот клуб. Може да ги игра сите мечеви во Лигата на шампиони, но тој верува дека ќе остане во Англија. На крајот, не знаеме каде ќе оди, но ако оди во Тотенхем, ќе се сретнеме со нив на суд. Можете ли да замислите – ние плаќаме многу пари за овој играч, а Тотенхем на крајот го добива бесплатно. Секако, не е фер и е непочитување кон нашиот клуб“, вели Палкин за „ЕСПН“

Scroll to Top