Пари Сен-Жермен, заедно со Манчестер сити, еден од најбогатите клубови на светот сериозно размислува на своите фудбалски мега-ѕвезди да им ги скрати платите и дури да ги прати во „делумна невработеност“, јавува „Л’Екип“.
Претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи според весникот е подготвен за ваков потег, со кој покрај намалени плати, фудбалерите би го загубиле и постојаното вработување. ПСЖ на плати троши фантастични 371 милиони евра од целосниот буџет на клубот кој е 637 милиони евра.
Нејмар е најплатениот фудбалер со 49 милиони евра вклучувајќи ги и бонусите, додека Килијан Мбапе на пример зема „скромни“ 21.2 милиони евра годишно.