Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг верува дека со новата веганска диета ќе добие физичка предност во борбата за место во првиот тим на Жозе Мурињо.
Смолинг е еден од петте централни бекови на „Олд Трафорд“ покрај Ерик Баји, Фил Џонс, Виктор Линделоф ид Маркос Рохо, а можно е да се донесе уште еден играч на оваа позиција – Хери Мегвајр (Лестер), Тоби Алдервирелд (Тотенхем) или Јери Мина (Барселона).
28-годишниот Смолинг беше четврти на листата на настапи за Јунајтед минатата сезона (зад Матиќ, Де Хеа и Лукаку) и верува дека веганската диета е рецепт за успех.
„Мојата сопруга неколку години е веган и честопати готви дома и половина од времето и така јадев веганска исхрана. Но, полека почнав да го исфрлам месото од исхраната, кое не ми помагаше со воспалението на колената. Сега, предсезоната беше многу подобра и се чувствувам физички многу посилен“, вели Смолинг, кој дојде во Јунајтед во 2010 година.
Смолинг не е единствениот фудбалер кој смета дека со веганска исхрана може да добие подобра физичка форма, слична исхрана има и шпанскиот дефанзивец на Арсенал, Ектор Белјерин.