Тимо Вернер стана првиот фудбалер на Челси кој се приклучи на иницијативата на Хуан Мата „Заеничка цел“, со која фудбалерите се обврзуваат да дадат еден процент од својата плата за помош на сиромашни деца.
24-годишниот Германец само што го комплетираше својот трансфер од Лајпциг во Челси, и според англиските медиуми добива околу 200.000 фунти неделна плата. Во иницијативата претходно се вклучија и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, како и Меган Рапино, Алекс Морган и Серж Гнабри.
„Се чувствувам многу привилегиран со тоа што можам да го живеам мојот сон со трансферот во Челси, и во исто време свесен сум за фактот дека луѓето низ целиот свет се мачат со последиците од пандемијата. Затоа сакам да помогнам, а најдоброто за ’Заедничка цел’ е што самиот ќе одлучувам каде ќе одат парите. Сакам да започнам проекти во Штутгарт и Лајпциг и ги повикувам сите ѕвезди да донираат. Ако само еден навивач донира 10 евра бидејќи Тимо Вернер е вклучен, целта е остварена“, вели Вернер.
?️ | "I'm conscious that there are people all over the world struggling to tackle the consequences of the pandemic."
Following his dream move @TimoWerner wants to use this moment to highlight the need for more collective action from the world of football.
— Common Goal (@CommonGoalOrg) September 19, 2020