Top Sport

И тоа се случува! Се испотепаа при изведување на пенали (видео)

Војводина во драматичен меч вчера го освои Купот на Србија, откако на пенали беа подобри од Партизан, во меч во кој имаше општа тепачка за време на изведувањето на пеналите.

Војводина водеше со 2:0 во текот на мечот, но Партизан постигна два гола во последните десет минути по што следуваа продолженијата и пеналите. Двајца фудбалери на Партизан го утнаа своето изведување, но хаосот настана кога фудбалерот на Војводија, Деветак постигна гол од пенал, по што ги провоцираше навивачите на Партизан. Веднаш потоа, Израелецот Бибрас Натхо отиде кај Деветак, а голманот на Партизан, Немања Стевановиќ го гаѓаше со шише.

По ова дојде до тепачка меѓу резервистите на Војводина со Стевановиќ, а се вмеша и тренерот на Војводина, Лалатовиќ. По мешаницата, судијата му даде црвен картон на Стевановиќ и жолт на Деветак.

Scroll to Top