Top Sport

Двајца кошаркари на Сакраменто кингс се позитивни на КОВИД-19

Кошаркарите на Сакраменто кингс, Џабари Паркер и Алекс Лен, откриваат дека имале позитивни тестови на корона вирус пред рестартот на НБА лигата.

„Пред неколку дена бев позитивен на КОВИД-19 и се изолирав во Чикаго, каде што останувам. Се чувствувам добро и едвај чекам да се приклучам на соиграчите во Орландо за враќањето на лигата“, вели Паркер.

Кингс (28-36) се еден од 22-та НБА тима кои ќе треба да ја продолжат сезоната 2019/20 на 30 јули во Орландо. 25-годишниот Паркер има еден меч за Кингси, откако дојде во тимот во февруари од Аталанта хокс, каде што имаше просек од 15 поени во 32 меча. 27-годишниот Лен, исто така пристигна оваа година во Сакраменто и имаше просек од 6.6 поени во 9 меча за тимот.

Scroll to Top