Top Sport

Зидан: Неверојатниот Рамос одамна работи на слободните удари (видео)

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го испофали својот капитен Серхио Рамос, кој ги изненади сите откако постигна спектакуларен гол од слободен удар против Мајорка за 2:0 победа и враќање на првото место на табелата.

Ова беше деветти гол на Рамос во 2019/20 со што тој стана првиот дефанзивец кој постигнал над осум гола во една сезона по Езекиел Гарај во 2006/07.

„Тој одамна чекаше шанса од слободен удар. Знам дека на тренинзи работеше на слободните удари. Серхио е наш лидер, наш капитен и секогаш покажува како се прави тоа“, вели Зидан.

Тој уште еднаш повтори дека очекува Рамос да се пензионира на „Сантијаго Бернабеу“ иако неговиот договор завршува на крајот на 2020/21, кога ќе има 35 години.

„Серхио заслужува да биде тука како фудбалер. Тука е толку години и треба да ја заврши кариерата тука. Секогаш сум го велел тоа“, додава Зидан.

Трајковски од клупа ја гледаше силата на Реал – „Кралот пак е на тронот“

Scroll to Top