Барселона синоќа на крилјата на Лионел Меси го победи Валјадолид со 5:1. Меси постигна два гола, запиша и две асистенции. Една од нив беше за Луис Суарез во 77 минута, кога Уругваецот го постави конечниот резултат на „Ноу Камп“.
Голот против Валјадолид има посебно значење за Суарез, кој сега може да се пофали дека постигнал гол против сите 27 ривали со кои како играч на Барселона играл во Ла Лига.
Против тие 27 екипи Уругваецот досега постигнал 137 гола.