По Кристијано Роналдо, Лео Меси и други фудбалски ѕвезди, и Златан Ибрахимовиќ се вклучи во добротворната акција за осмогодишното бебе од Крагуевац, Србија, Гаврило Ѓурѓевиќ, кој страда од мускулна атрофија и потребни му се 2.5 милиони евра за терапија.
Дресот со автограм на Ибрахимовиќ е со почетна цена од 500.000 српски динари, а аукцијата трае до 28 мај, откако дресовите на Роналдо и Меси донесоа 2.400.000 динари.
Покрај овие тројца во акцијата се вклучија и четири фудбалери на Наполи – Калиду Кулибали, Дрис Мертенс, Диего Деме и Никола Максимовиќ, како и Лука Модриќ, Един Џеко, Миралем Пјаниќ, Анте Ребиќ, Марко Рог и Душан Влаховиќ.