Top Sport

Иако јасно се виде дека пцуе на хрватски, Билиќ тврди дека не е така!

Иако сите кои го разбираат јазикот јасно слушнаа како Славен Билиќ, тренерот на Вест Бромвич Албион кажа: „Ајде у пи.ку материну“ и „Мрш, је.ем ти..“ по добиениот црвен картон, тој тврди дека не го пцуел судијата Мајк Дин по бурното првото полувреме од мечот со Евертон.

Евертон на крајот стигна до убедлива 5:2 победа, и Билиќ смета дека само барал објаснување од Дин.

„Се жалев и мислам дека како менаџер имам право на тоа. Се работеше за полувреме, дојдов до судијата, а тој си одеше. Сигурен сум декане пцуев, туку само му ја објаснив ситуацијата по првиот гол. ВАР мораше да забележи дека имаше фаул пред акцијата. Ако имате очи ќе го видите тоа. Како менаџер мислев дека имам право на објаснување, но не го добив“, вели Хрватот.

Scroll to Top