Top Sport

Ибрахимовиќ бил подготвен да се врати во Милан

Златан Ибрахимовиќ, во јануари, ќе се врати во Европа, пишуваат италијанските медиуми. Неговиот менаџер, Мино Раиола, наводно веќе ги започнал преговорите со спортскиот директор на Милан, Леонардо.

Ибрахимовиќ (36) е играч на ЛА Галакси, а со овои тим има договор до 2019 година. Италијаните пишуваат дека тој во јануари би се вратил во Милан, со кого би потпишал шест месечен договор.

Поранешниот шведски репрезентативец никогаш не криел дека кариерата сака да ја заврши во клубот од детството, Малме.

Во одлуката што треба да ја донесе тој имал голема поддршка од својот менаџер. Инаку, Ибрахимовиќ во сезоните 2010/2011 и 2011/2012 за Милан одиграл 61 натпревар и постигнал 42 гола.

Во првата сезона ја освои титулата и тоа е последната титула на Милан во Серија А.

Scroll to Top