Фудбалскиот свет со нетрпение ја очекува да дознае каде ќе ја продолжи кариерата Златан Ибрахимовиќ. Речиси е сигурно дека 38 годишниот напаѓач ќе замине од САД, а како негова следна дестинација најчесто се споменува Серија А.
Во вторникот една негова објава на „Инстаграм“ ја крена Шпанија на нозе.
„Знаете што? Се враќам в Шпанија“, порачал Ибракадабра.
Сепак светските медиуми пренесуваат дека мали се шансите Ибрахимовиќ да се врати во Шпанија и Ла Лига. Претпоставките се дека тој има некакви обврски кон спонзорите поради што мора да ја посети Шпанија.
Златан Ибрахимовиќ во сезоната 2009/2010 одиграл 29 натпревари на кои постигнал 16 гола за Барселона.