Top Sport

Ибрахимовиќ: Јас и Леброн сме крупни, ама на теренот сме како мали нинџи

Златан Ибрахимовиќ, играч на ЛА Галакси, повторно го коментирал доаѓањето на Леброн Џејмс во „градот на ангелите“.

„Добро е за градот, добро е тоа за луѓето тука. Имаат да гледаат различни работи, кошарка, фудбал, бејзбол. Што и да гледаат ќе можат да видат супер ѕвезда“, рекол Ибрахимовиќ за „ЕСПН“.

Поранешниот шведски репрезентативец рекол дека сигурно ќе има можност да го запознае Леброн Џејмс.

„Секако дека ќе гледам како тој игра кошарка. Не знам дали го интересира фудбалот, иако е тоа спорт кој е поголем од кошарката, со должна почит. Тој е неверојатен спортист. Начинот на кој ги прави работите на теренот…И јас сум голем, а се движам како да сум мал нинџа, тоа и тој го прави. Сигурно е дека ќе си ги гледаме мечевите“.

Ибрахимовиќ во ЛА Галакси се пресели од Манчестер јунајтед, поради тоа на свој начин одговорил на податокот дека Леброн Џејмс има акции во Ливерпул.

„Го знаев тоа, има акции во погрешен клуб“, рекол Ибрахимовиќ.

Scroll to Top