Top Sport

Иве Иванов ги засили редовите на МЗТ

Хрватскиот интернационалец Иве Иванов (32 год, 200 см) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпипал едногодишен договор, обајви клубот на својата интернет страница.

Станува збор за крилен центар, со големо искуство кој ќе ја засили внатрешната линија на „металците“ и на тимот ќе му донесе неопходно искуство во борбата за двете титули во домашното првенство и во борбата за врвот во АБА2-лигата.

Иванов е легенда на Задар, каде што мина вкупно седум сезони во три наврати, собирајќи огромно искуство во пресметките со најдобрите екипи од просторот на поранешна СФР Југославија. Минатата сезона тој настапи на 21 средба во регионална лига во дресот на задрани со просек од 11,2 поени и 4,7 скока.

Иванов е третото странско засилување за МЗТ Скопје Аеродром летово по Американецот Лестер Медфорд и Србинот Андрија Бојиќ. Од домашните кошаркари, тренерот Кочов во моментов на располагање ги има повратникот Љубомир Младеновски како и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов и Андреј Маслинко. Ангажиран беше и младиот Виктор Исајловски (17 години) и тоа на петгодишен договор.

Scroll to Top