Top Sport

АБА ги казни со 20.000 евра, Звезда се закани со „крај на АБА лигата“

АБА лигата ја казни Црвена звезда откако белградскиот клуб одби да отпатува во Црна Гора за дуелот со Будуќност поради политичката ситуација во оваа земја и контроверзниот закон за верски заедници.

Звезда не пристигна во Подгорица, каде што на теренот излегоа само кошаркарите на Будуќност пред мечот да биде откажан и регистриран со 20:0 победа за црногорскиот тим.

„Поради неоправданото отсуство на Црвена звезда на мечот од 13. коло од АБА-лигата се носи дисциплинска казна – одземање на еден поен, парична казна од 20.000 евра и обврска да се покријат сите трошоци за неодиграниот натпревар“, се вели во одлуката на АБА.

Црвена звезда одговори на ова со соопштение во кое се бара првите луѓе на лигата да не се држат круто до „правилникот“ заканувајќи се дека АБА лигата ќе престане да постои.

„Црвена звезда своите причини за непатувањето во Подгорица ги објасни ан прес-конференција. Тоа што се случува потоа само ја потврди исправноста на оваа одлука. Затоа бараме итна одлука на претседателството на АБА лигата  и одредување на термин за нов натпревар без казна. Сè друго ќе значи крај на АБА лигата“, се вели во соопштението на Звезда.

Бизарни сцени во Подгорица – судиите го означија почетокот и крајот на мечот (видео)

Scroll to Top