Фудбалерот на ЛА Глакси, Златан Ибрахимовиќ, на впечатлив начин му посака добредојде на Леброн Џејмс во Лос Анџелес.
Најдобриот кошаркар во светот, договорил четири годишна соработка со една од најпознатите франшизи во НБА лигата, ЛА Лејкерс.
На социјалните мрежи Ибрахимовичќ му посакал добредојде на „Кралот Џејмс“.
„Сега ЛА има и Бог и Крал“, напишал Златан под својата и фотографијата на Леброн.
Инаку, покрај со Џејмс, Лејкерс договориле соработка и со Ленс Стивенсон, а се очекува во тимот да пристигне и најдобриот дефанзивец во лигата Кавај Ленард од Сан Антонио Спарс.