Top Sport

Ибрахимовиќ: МЛС плејофот е „срање“

Златан Ибрахимовиќ секако е човек кој јасно си го кажува своето мислење, откако ја нарече плејоф структурата на американската МЛС лига „срање“ и дека треба да се земе пример на европските најсилни лиги.

Ибрахимовиќ фудбалскиот леб го „вади“ во Лос Анџелес галакси, како една од најголемите ѕвезди во МЛС лигата која се обидува да ја зголеми популарноста.

МЛС има типичен американски плејоф систем, со регуларна сезона од март до октомври во која тимовите имаат по 34 натпревари. Најдобриот тим добива „Сапортерс шилд“, додека 14 клуба се натпреваруваат во плејофот. Ова е сосема спротивно од лигашките системи во Европа, кои очигледно му недостасуваат на Швеѓанецот, иако неговите Галакси се најуспешниот тим во плејофот со петта титула освоена во 2014 година.

„За мене плејоф системот е вистинско срање. Големите мечеви се големи мечеви, а јас сум во плејоф мод секогаш“, вели Ибрахимовиќ.

Scroll to Top