Top Sport

Ибрахимовиќ не е задоволен од понуденото од Милан

Златан Ибрахимовиќ воопшто не бил импресиониран од предлогот за договор од неговиот поранешен клуб Милан, и шансите неговото потенцијално враќање во Серија А се минимални, сметаат италијанските медиуми.

38-годишниот ветеран е слободен агент по крајот на договорот со Лос Анџелес галакси на крајот на декември и најави враќање во Европа, по што Милан се сметаа како фаворити, посебно бидејќи тој играше таму од 2010 до 2012 и секогаш јавно ја искажуваше љубовта кон клубот.

Сепак, емоциите се едно, а финансиите друго и „Скај спорт Италија“ тврди дека Милан му понудиле многу помалку од сумите кои би ги заработувал на друго место и покрај тоа решиле да му понудат првичен договор од само шест месеци, со опција за уште една година.

Болоња, Наполи и Рома, другите италијански клубови заинтересирани за Ибра, исто така не би понудиле големи суми, за разлика од понудите од Кина и од Обединетите Арапски Емирати. Тотенхем веќе се откажаа од таква можност, а во Англија заинтересирани за него уште се и Манчестер јунајтед, каде што играше од 2016 до 2018.

Scroll to Top