Златан Ибрахиовиќ во 38 година од животот не размислува да стави крај на кариерата. Во декември кога ќе заврши сезоната во МЛС лигата, Ибрахимовиќ ќе замине од ЛА Галакси. Легендарниот Швеѓанец веројатно ќе се врати во Европа, а се шпекулира дека неговиот избор ќе биде Серија А.
Ибрахимовиќ на Апенинскиот полуостров го минал најдобриот период во кариерата како играч на Јувентус, Интер и Милан.
„Италија е мојот втор дом. Сите понуди внимателно ќе ги разгледам. Но доколку се вратам сакам да се борам за Скудетото, не некој да ми испрати понуда само поради тоа што јас сум Златан Ибрахимовиќ. Можам уште да направам разлика на теренот. Не сум животно од зоолошка градина за некој да ме донесе само за да ме гледаат луѓето“, рекол Ибрахимовиќ.