Top Sport

Ибрахимовиќ не се радуваше за победата на Меси и Аргентинците

Фановите на Лионел Меси на социјалните мрежи почнаа да се потсмеваат со шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ, откако камерите накратко го фатија како не ужива во прославата на аргентинската репрезентација по освојувањето на Мундијалот.

Ибрахимовиќ неодамна имаше контроверзна изјава велејќи дека „знае“ кој ќе го освои Светското првенство уште пред четврт-финалето, посочувајќи дека трофејот сигурно оди кај Меси и Аргентина. Златан беше гостин на финалето на СП на газдата на неговиот поранешен клуб, Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи со кого се фотографираше пред финалето во друштво на Хавиер Пасторе, Новак Ѓоковиќ, Пол Погба и УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов.

Ибрахимовиќ, инаку, има два настапи на СП со Шведска, во кои нема постигнато ниту еден гол.

Scroll to Top