Top Sport

„Ибрахимовиќ поради мене се пресели во ПСЖ“

Тијаго Силва бил „виновникот“ што во летниот преоден рок во 2012 година Златан Ибрахимовиќ потпишал договор со Пари Сен Жермен. Бразилецот и Швеѓанецот од 2010 до 2012 година беа соиграчи во Милан, во 2011 ја освоија Серија А.

Тијаго Силва тврди дека Ибрахимовиќ поради него ја прифатил понудата од Пари Сен Жермен.

„Ми се јави Ибрахимовиќ и ме праша дали навистина заминувам во ПСЖ. Му рекод дека е вистина тоа е дека го потпишав договорот. Потоа му кажа:’Не се шегувам. Ако не одиш ти во ПСЖ, тогаш и јас нема да одам. Ако ме лаже ќе дојдам и ќе ти се осветам’. Секако за неколку дена трениравме заедно во ПСЖ“, рекол 35 годишниот Тојаго Силва.

Ибрахимовиќ за две сезони во Милан одиграл 85 натпревари, постигнал 56 гола и забележал 24 асистенции.

Scroll to Top