Top Sport

Андреа Лекиќ ќе го пропушти Светското првенство

На десет дена до почетокот на Светското првенство за ракометарки, тежок удар доживеа репрезентацијата на Србија. Мундијалот во Јапонија (30 ноември-15 декември) ќе го пропушти средниот бек Андреа Лекиќ.

Поранешната ракометарка на Вардар и миленичка на скопската публика, настапувајќи за својот клуб Букурешт во Лигата на шампионите, доживеала тешка повреда на ушното тапанче, поради што ќе мора да паузира три недели.

„Ова е ретка спортска повреда. Оштетено е ушното тапане, ќе мора да и биде извршена операција. Не е добро за нас што во овој момент таа мора да мирува три недели. Таа ќе може да функционира нормално после првата недела, но нема да смее да игра натпревари. Добро е што по периодот на рехабилитација таа ќе може да ја продолжи спортската кариера“, рекол докторот на српската репрезентација Миленко Савиќ.

Србинките претпладнево отпатуваа за Сеул каде од 22 до 22 ноември ќе играат на турнир заедно со Јужна Кореја, Русија и Унгарија.

На Светското првенство во Јапонија Србија во А-групата ќе игра против Холандија, Норвешка, Словенија, Куба и Ангола.

Scroll to Top