Top Sport

Клајверт: Мислам дека Де Лихт жали што не дојде во Барса

Директорот на младинската школа на барселона Патрик Клајверт во интервју за „Мундо Депортиво“, не сакал да ги откри причините за отказот што го доби тренерот на У-19 екипата, Виктор Валдез, но проговорил за своите сонародници Роналд Куман, Френки Де Јонг и Матијас Де Лихт.

Ернесто Валверде е тренер на Барселона, меѓутоа во изминатиот период за негов наследник го именуваат Роналд Куман.

„Можеби ќе дојде еден ден (Куман), но јас многу го почитувам Валверде. Добро го познавам Куман, но не е мое да се плеткам во таа работа. Куман е добар тренер, одлично работи со репрезентацијата на Холандија“, рекол Клајверт.

Во летниот преоден рок Де Јонг од Ајакс се пресели во Барселона, а неговиот соиграч Де Лихт иако имаше понуда од „Ноу Камп“ го одбра Јувентус.

„Кога ќе видите како игра Де Јонг, добивате впечаток дека долго време е овде. Задоволен е и тоа се забележува на теренот. Кога станува збор за Де Лихт, му кажав какви предности нудат клубот и како градот, но не го убедував да дојде во Барселона. Тој е одличен дефанзивец, на крајот направи избор и мислам дека сега малку се кае поради одлуката. Но тоа е сега така мора да учи од сопствените одлуки“, заклучил Клајверт.

Scroll to Top