Top Sport

Ибрахимовиќ раскажал како го испратил Матераци в болница

„Топспорт“ пренесе дел од големото интервју што Златан Ибрахимовиќ го дал за магазинот „Џи Кју“. Во дел од интервјуто тој зборува за враќањето во Италија, го критикува повторно Кристијано Роналдо и открива како го испратил в болница Марко Матераци.

Грубоста на Матераци, често окарактеризиран како лошото момче на италијанскиот фудбал, Ибрахимовиќ ја почувствува додека го носел дресот на Јувентус.

„Во еден момент како убиец налета на мене и ме повреди. Беше тврд играч, тоа е во ред, но постојат две врсти на такви играчи. Едни имаат намера да ве повредат. И Малдини беше тврд но неговите намери беа поинакви“, рекол Ибрахимовиќ.

Четири години подоцна Ибрахимовиќ во дресот на Милан добил можност да му се одмазди на Матераци.

„Во второто полувреме ја дочекав шансата. Влетав со кунг-фу во Матераци и го испратив в болница. Станковиќ потоа ме праша: ‘Зошто го направи тоа?’. Му реков: ‘Ова го чекав четири години’. Се се враќа се се плаќа“, завршил шведскиот фудбалер.

Scroll to Top