Top Sport

Шо договорил нов петгодишен договор

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шо, ќе потпише нов петгодишен договор со клубот. Актуелниот договор на Шо со „црвените ѓаволи“ истекува по завршувањето на сезоната.

Играчот кој за 27 милиони фунти од Саутемптоп, во 2014 година, пристигна на „Олд Трафорд“долго време имаше проблеми со повредите, а постоеја и шпекулациите дека ќе замине од клубот.

Оваа сезона е стандарден и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите и потсети зошто Манчестер јунајтед плати толкава сума за неговите услуги.

Scroll to Top