Калчолигашот Милан по 14 кола е лидер на табелата во Серија А, а момците предводени од Стефано Пиоли се единствениот непоразен тим во Топ 5 лигите во Европа.
Голема заслуга за овој пласман има шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ кој на почетокот на годинава се врати во клубот од Милано.
Од неговото доаѓање се промени играта на „Росонерите“ кои денес делуваат непобедливо. Златан со неговите 39 години се погрижи за менталитетот на соиграчите кој беше разнишан.
Ибрахимовиќ признава дека многу разговара со колегите во клубот и ги советува како во иднина.
„Во Шведска имам двајца синови. Но овде во Милан ги имам 25 и им требам. Тоа ми го рече Пиоли и поради тоа останав“ изјави Ибра за „7Corriere“.
Златан сезонава на 10 меча постигна 11 гола, а има и 2 асистенции.