Top Sport

Идеалниот тим на Пирес

Робер Пирес поранешен фудбалер на Арсенал и репрезентација на Франција за „Франс Фудбал“ од своите поранешни соиграчи составил идеален тим.

„Јас сум стар човек. Поради тоа ја бирам формацијата 4-4-2“, рекол Пирес.

На голот е Фабијан Бартез, а тројца од четворица во одбраната се поранешни колеги од репрезентацијата (Лилијан Турам, Марсел Десаи и Лоран Блан). Лев бек е Ешло Кол соиграчот од Арсенал.

Во редот за врска се Жилберто Силва и Патрик Виера, Зинедин Зидан и единствениот играч во овој тим што го состави Пирес а се уште е активен, Санти Казорла. Пирес и Казорла заедно играа во Вилјареал.

Во нападот се Тиери Анри и Денис Беркамп.

Scroll to Top