Top Sport

Табарез и 400 вработени добија откази

Селекторот на Уругвај Оскар Табарез заедно со уште 400 вработени во Фудбалскиот сојуз добил отказ поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Иако во Уругавај има „само“ 274 заразени со кронавирусот во Фудбалскиот сојуз на Уругвај решиле да повлечат радикален чекор.

„Сојузот се реши во екот на оваа криа да донесе неколку тешки одлуки за да ја заштити институцијата“, стои во соопштението.

Ова збачи дека сите отпуштени ќе имаат колективно осигурување за невработени, а потоа кога ќе помине кризата сите ќе се вратат на своите работни места.

Исто така Уругвајците г раскинале сите надворешни договори, ги оставиле само оние кои се неопходни за да може институцијата да функционира.

Оскар Табарез на клупата на Уругвај се наоѓа од 2006 година.

Scroll to Top