Top Sport

Арсенал и Јунајтед следат дефанзивец на Барселона

Самуел Умтити по четири години најверојатно ќе ова лето ќе замине од „Ноу Камп“. Шпанските медиуми тврдат дека за неговиот потпис ќе се борат Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Умтити во Барселона пристигна за сума од 25 милиони евра од Лион во 2016 година. Неговиот договор со Барселона истекува на 30 јуни 2023 година.

Каталонците за него бараат 50 милиони евра.

Францускиот репрезентативец сезонава има одиграно 16 натпревари (1209 минути).

Умтити со Барселона има освоено шест трофеи, со Франција во 2018 година стана светски првак.

Scroll to Top