Одион Игало добил богата понуда го продолжи договорот со Шангај Шенхуа, пишуваат англиските медиуми. Нигериецот од јануари е позајмен во Манчестер Јунајтед и според медиумите се согласил на значително помала плата само за да остане на „Олд Трафорд“.
Шангај Шенхуа наводно на Игало му понудиле неделна плата од 400.000 фунти, односно 19,2 милиони фунти годишно. Доколку ги прифати овие услови Игало ќе стане еден од најпалтените фудбалери во светот.
Игало е играч на Шангај од 2019 година, претходно играл за Чангчун, Вотфорд, Гранада, Чезена, Удунезе и Лин.