Top Sport

„Игало е доказ дека најдобрите го одбиваат Манчестер Јунајтед“

Поранешниот фудбалер на Челси Ејдур Гудјонсон смета дека Манчестер Јунајтед повеќе не се во состојба да ги привлечат најдобрите играчи. Според него доказ за овие негови тврдења е трансферот на Нигериецот Одион Игало.

Репрезентативецот на Нигерија во последните часови од преодниот рок пристигна на „Олд Трафорд“ од Шангај Шенхуа. Игало до крајот на сезоната ќе биде позајмен во Јунајтед.

Наводно Игало бил третат или четврта опција, по Ерлинг Халанд, Џошува Кинг и Единсон Кавани. Јунајтед мораа да донесат напаѓач бидејќи им се повреди Маркус Рашфорд.

„Мислам дека напаѓачи повеќе не го земаат в предвид Манчестер Јунајтед кога се во прашање трансферите. За „ѓаволите“ врвниот квалитет стана тешко достапен“, рекол Гудјонсон.

Игало (30) има искуство во Премиер лигата од Вотфорд. Од 2014 до 2017 година одиграл 99 натпревари на кои постигнал 39 гола.

Scroll to Top