Top Sport

Серија А планира враќање на 3 мај?

Надежите дека ќе има брзо враќање на Серија А се сè помали откако италијанските медиуми тврдат дека првичниот датум од 3 април ќе се оддолжи за еден месец и поверојатно е клубовите да се вратат на работа на 3 мај за да може сезоната да се комплетира до 30 јуни.

Според весникот „Ла република“, повеќето медицински тимови на клубовите се сигурни дека нема да има враќање на 3 април откако на пример Сампдорија има седум фудбалери кои се позитивни на корона вирусот, тројца во Фиорентина и еден во Јувентус.

Затоа, Лега Серија А планира за враќање на 3 мај, а тренинзите би започнале две недели претходно. Откако се очекува УЕФА да го одложи Евро 2020 за следната зима, клубовите ќе имаат шанса да ја комплетираат сезоната регуларно, меѓутоа во Италија тоа мора да се комплетира до 30 јуни, бидејќи тоа е денот кога договорите на фудбалерите завршуваат.

Scroll to Top