Top Sport

Игли Таре го напушта Лацио по 18 години

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, ќе го напушти тимот по 18 години, пишува весникот „Газета дело спорт“.

Албанецот е во Лацио од 2005 година, првите три сезони ги играше како напаѓач на римјаните, а од 2009 година е спортски директор на клубот.

„Заминувам после 18 години, тоа беше неверојатна авантура. Носам сѐ во срцето. Тоа е одлука која е одамна задоцнета, но јас чекав за доброто на Лацио, тимот да влезе во групите од Лигата на шампионите“, истакна Албанецот.

„Никогаш нема да можам да му се заблагодарам на претседателот Лотито што ми ја даде оваа можност, на навивачите кои влегоа во моето срце и на сите играчи и персоналот кои беа со мене во оваа прекрасна авантура“, рече Таре.

Игли Таре го остава Лацио во одлична форма откако римскиот тим заврши на второто место во италијанското првенство и ќе игра во групите од Лигата на шампионите следната сезона.

Scroll to Top