Top Sport

(ВИДЕО) Штутгарт останува во Бундеслигата, го доби и вториот дуел против Хамбургер

Штутгарт го задржа бундеслигашкиот статус откако во плеј-офот за опстанок во елитата го победи Хамбургер на вториот меч, на гости со 1:3. „Швабите“ имаа предност од 3:0 по првиот натпревар на „Мерцедес Бенц арена“, па на крајот убедливо го совладаа ривалот со вкупен резултат, 1:6.

Вечерва, Сони Кител му даде надеж на Хамбургер со голот во шестата минута, но во вториот дел Штутгарт направи пресврт. Двоен стрелец беше Енцо Милот.

Тој погоди во 48.минута за израмнување, а потоа ја искористи неверојатната грешка на домашниот голман Даниел Фернандеш за да направи пресврт во 64.минута.

Силас во судиското продолжение го потврди триумфот на Штутгарт и останувањето во елитата.

Scroll to Top