Top Sport

Играч од 87 милиони евра – Јунајтед примија четири гола по неговите грешки

Хари Мегваер е виновникот за поразот на Манчестер јунајтед кај Лестер (4:2). Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, според медиумите е виновен за сите голови што ги постигнаа играчите на Лестер.

За својата игра, Мегваер, доби двојка. Максимална оценка е десетка.

„Требаше уште да добие црвен кртон за да биде оценет со единица“, се дел од коментарите.

Играчот за кого Јунајтед, пред две сезони токму на Лестер му платија 87 милиони евра, кај првиот гол ја загуби топката од Ихеначо, кој го проигра стрелецот Тилеманс. За вториот гол не истрча навреме, поради што на соиграчите им пропадна офсајд-замката. По ударот на Дака, Сојунџу ја врати топката во голот, откако претходно Де Хеа успеа да одбрани.

Кај третиот гол, Мегваер беше нерешителен, не излезе во блок кон Варди, кој постигна убав гол. Посебна приказна е неговата реакција кај четвртиот гол. Мегваер како да не знаеше каде се наоѓа, Дака го искористи тоа и од гол линијата ја спроведе топката во голот.

Scroll to Top