Top Sport

Барса се распрашува за Матиќ

Барселона, покажува интерес за Немања Матиќ од Манчестер јунајтед, тврди „Сан“. Повикуваќи за на свои извори, „Сан“, пишува дека Роналд Куман, побарал клубот да му донесе искусен играч од редот за врска, во зимскиот преоден рок.

Матиќ би бил достапен за околу 10.000.000 евра, сума која е прифатлива за клубот кој тоне во долгови. Прашање е само дали Матиќ има желба да го напушти „Олд Трафорд“ и покрај тоа што Солскјер повеќе шанси им дава на Фред и Мектоминеј.

Српскиот фудбалер има договор со Јунајтед до јуни 2023 година.

Scroll to Top