Top Sport

Дерби на сезоната: Спорни ситуации и победа на Ливерпул (Видео)

Ливерпул го победи Манчестер сити 3:1 (2:0) во дербито на сезоната како што го нарекоа англиските медиуми. Ливерпул сега се имаат девет бода повеќе од Сити кои по овој пораз паднаа на четвртото место на табелата. Пред „граѓаните“ се Лестер и Челси.

Лудо дерби на „Енфилд“ одиграа кандидатите за титулата во Премиер лигата, а Ливерпул го нокаутираа противникот на почетокот на мечот и во раната фаза од второто полувреме.

Ливерпул во последните 25 минути успеа да го издржи силниот притисок на противникот. Во овој период на мечот 80 отсто од поседот на топката го имаа „граѓаните“.

Мечот ќе има и трето полувреме поради двете дискутабилни одлуки на судијата Мајкл Оливер и ВАР. Впечатокот е дека Сити се оштетени за два пенали, во првото и второто полувреме топката в рака го погоди Александер-Арнолд.

Токму од првата таква ситуација, кога неколкумина играчи на Сити останаа да протестираат кај судијата Ливерпул повлекоа контра-напад, а топката која ја изби Стоунс ја дочека Фабињо и од 20 метри ја „скина“ мрежата.

Нов делириум на трибините имаше во 13 минута кога Робертсон испрати теле-диригирана топка кон Салах, а Египѓанецот со глава ја проследи во голот.

До крајот на полувремето Сити го диктираа ритамот, имаа и неколку добри акции но резултатот остана 2:0.

Второто полувреме донесе нов шок за „граѓаните“. Комплетната одбрана лошо реагираше Хендерсон испрати центаршут, Бокер заборави на Мане, а Сенегалецот само ја подметна главата за 3:0.

До крајот следуваше силен притисок на Манчестер сити, кој резултираше со само еден гол. Акцијата на Анхелињо добро ја следеше Бернардо Силва и со удар од 15 метри го совлада Алисон. ВеЌе во наредниот напад нов спорна ситуација, Стерлинг се обиде да нафрли, топката го погоди в рака Александер-Арнолд но Оливер не се огласи.

Scroll to Top