Челси е специфичен клуб во многу нешта, таму играчите имаат моќ да го отпуштат тренерот, доколку не им се допаѓаат неговите методи на работа.
Англиските медиуми се сигурни дека играчите ќе му пресудат на тренерот Маурицио Сари, како што тоа веќе му го направија на Жозе Мурињо и Антонио Конте.
Најмногу им пречело тоа што им го поместил терминот на утринскиот тренинг, а не биле задоволни што често им држел долги состаноци и што премногу се занимава со тактичките замисли.
Не им било јасно зошто не отстапува од својата тактика и покрај тоа што доживеаја два тежки порази (Борнмут 4:0 и Манчестер сити 6:0).
Поради тоа англиските медиуми најавуваат дека Сари ќе добие отказ в четврток, по натпреварот со Малме во Лига Европа.