Лутото ривалство меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед се крена на ново ниво откако играчите на „Граѓаните“ со песна го предизвикаа својот „црвен“ ривал.
По импресивната 4:1 победа во саботата над Тотенхем, играчите на Сити се снимаа во соблекувалната со предизвикувачка песна за играчкиот стил на Јунајтед и нивниот тренер, Жозе Мурињо.
„Паркирај го автобусот, паркирај го автобусот, Ман јунајтед“, пееја играчите.
Ова доаѓа по бурното дерби на „Олд Трафорд“, кое Сити го доби со 2:1 и по кое имаше немили сцени меѓу играчите на двата тима, кои детално беа одбележани од британскиот печат.
Претходно во текот на мечот, Кевин де Бројне покажа со своите прсти 2 и 1, што според некои навивачи беше порака до Јунајтед, иако подоцна тој објасни дека се работи за бројот 21, на Давид Силва кој беше отсутен од мечот.
Како и да е, тешко дека сме ја виделе последната епизода од ова ривалство и непријателство.
OH MY GOD. ? [?️: IG diackooo] pic.twitter.com/v4spWUn4IK
— City Watch (@City_Watch) December 16, 2017