Фудбалерите на Спортинг Лисабон одбиле да тренираат откако претседателот на клубот, на Фејсбук, упатил критики на нивна сметка.
Спортинг, во четвртокот, во првиот четврт-финален меч во Лига Европа загуби од Атлетико во Мадрид со 2:0. Претседателот на клубот, Бруно де Карваљо, незадоволен од играта и резултатот решил да ги критикува играчите преку Фејсбук.
Ѕвездите на Спортинг се почувствувале навредено и одбиле да тренираат во петокот. Тие побарале претседателот лично да им се обрати и да им објасни каде погрешиле.
Бидејќи претседателот не се појавил, тие решиле да не тренираат. Протестот на фудбалерите го подржал и тренерот Жорге Жесус.
Потоа претседателот решил да ги суспендира сите фудбалери што одбиле да трениераат. Вкупно се суспендирани 19 играчи меѓу кои е и македонските репрезентативец Стефан Рустовски. Тој не играше против Атлетико но решил да се солидализира со искусните фудбалери.