Top Sport

Игуаин „беснееше“ на тренинг на Јуве (видео)

Ветеранот на Јувентус, Гонзало Игуаин имаше неверојатен излив на бес на тренинзите на италијанскиот шампион, обидувајќи се да удри со нога еден од тренерите на клубот, по што бесот го искали на рекламното пано покрај теренот.

31-годишниот Игуаин во моменти кога не успеа да ја стигне топката при тренинзите со соиграчите пред дуелот од ЛШ со Атлетико утре, прво се обиде да го клоцне тренерот, пред да биде смируван од своите колеги Леонардо Бонучи, Пауло Дибала и Хуан Квадрадо.

Ова не е првпат Аргентинецот да го покаже својот темперамент на тренинзите, откако лани, како дел од Челси, се караше со дел од соиграчите и тренерите.

Scroll to Top