Top Sport

Каљари повторно нема да бидат казнети за расистичките извици кон Лукаку

Каљари повторно избегнаа санкции за расистичкото однесување на нивните навивачи, откако дисциплинскиот трибунал на Серија А  одлучи дека нема да поднесе акција против клубот откако Ромелу Лукаку од Интер беше пречекан со мајмунскки извици.

„Ако се земат во предвид димензиите и вистинската перцепција на настаните, извиците не можат да се сметаат за дискриминаторски под кодот на лигата“, се вели во соопштението на Серија А.

Каљари, сепак, беа казнети со 5.000 евра за фрлање на пластични шишиња на теренот при 3:1 победата над Парма минатиот викенд.

Со слични аргументи, Каљари избегна казна за расистичкото однесување кон Моисе Кин минатата сезона, кој играше за Јувентус тогаш. Во 2017 година, играчот на Пескара, Сали Мунтари си излезе од теренот поради расистички извици од навивачите на Каљари, но Серија А ниту тогаш не го казни клубот од Сардинија, велејќи дека се работи само за 10 навивачи.

Scroll to Top