Top Sport

Игуаин е изненаден: Мислев во Америка ќе играм со цигара во уста

Гонзало Игуаин вели дека е изненаден од нивото на натпреварување во американската МЛС лига, бидејќи кога пристигна во Интер Мајами сметал дека ќе се справи со фудбалот во Северна Америка  „со цигара во уста“.

Игуаин, кој имаше огромно искуство со играње во најсилните лиги, минатото лето го раскина договорот со Јувентус, по што заедно со неговиот брат замина во тимот во сопственост на Дејвид Бекам.

„Мислев ќе дојдам тука и ќе играм со цигара во уста, но наместо тоа, сфатив дека е многу тешко. Ова е тешка лига, многу слична со италијанскиот фудбал. Во Шпанија и Англија е полесно да се снајдеш, додека во Италија, ако не го познаваш фудбалот и лигата, ќе страдаш“, вели 33-годишниот Аргентинец во разговор со Кристијан Виери.

Игуаин има договор до 2022 година, и имаше најлош можен старт во лигата, промашувајќи пенал при 3:0 поразот од Филаделфија во септември. Тој оттогаш има одиграно уште шест МЛС натпревари, во кои постигна четири гола.

Scroll to Top