Top Sport

Рускиот селектор не сака пречки: Нема да пуштаме убави девојки во соблекувална

Рускиот селектор, Станислав Черчесов ја отфрли можноста руската поп-ѕвезда Олга Бузова да биде поканета во посета на неговите фудбалери, јасно велејќи дека не им е потребно „убави девојки“ да ја преземат концентрацијата на неговиот тим.

По убедливиот пораз од 3:0 од Белгија, Русија ја пречекува Финска во меч кој мора да го добие ако сака да мине во нокаут фазата, додека во татковината најголемо внимание предизвика поп-ѕвездата Бузова и нејзиното познавање на руските фудбалери во едно бизарно ТВ-интерјву кое ја остави во солзи.

„Не гледам ТВ додека трае турнирот. Не ја гледав Бузова. Добро е што се загрижени за нашите резултати, а критиките се пожелни. Мора да се одмаздиме за поразот, така што навивајте за нас. Нема да има посета на репрезентацијата, бидејќи момците треба да се концентрираат на фудбалот, а не на убави девојки. Нормално, нема да пуштиме убави девојки во соблекувалната“, вели Черчесов.

Scroll to Top