Top Sport

Игуаин ги враќа Милан во ритам, Имобиле ги „крена“ Лацио (видео)

Гонзало Игуаин постигна два гола во првото полувреме за да ги предводи Милан од 3:1 победа над Киево и да потврди дека кризата е надмината кај „росонерите“ по слабиот старт на сезоната.

Аргентинскиот напаѓач покажа зошто е вториот најплатен фудбалер во Серија А по недостижниот Кристијано Роналдо, откако петти натпревар во низа за Милан постигнува барем по еден гол. Џек Бонавентура во второто полувреме зголеми на 3:0, пред Серџо Пелесиер да го постигне утешниот гол за тимот од Верона. Ова е само трета победа за Милан во Серија А (иако имаат натпревар помалку) и тие во моментов се на 10. место.

Лацио пак, се врати од поразот во градското дерби, за со 1:0 да ја совлада незгодната Фиорентина, а човек на одлука повторно беше Чиро Имобиле со ефективен гол во 37. минута.

СЕРИЈА А, 8.КОЛО

Милан – Киево 3:1

Аталанта – Сампдорија 0:1

Лацио – Фиорентина 1:0

Фото: ЕПА

Scroll to Top