Top Sport

Игуаин го реши дербито на Италија (Видео)

Интер на Антонио Конте го доживеа првиот пораз во Серија А. Актулениот шампион Јувентус вечерва победи на „Сан Сиро“ во Милано со 2:1. Дербито на Италија го реши Гонзало Игуаин во 80 минута.

Дербиот пред репрезентативната пауза апсолутно ги оправда очекувањата. Меч во виско темпо одиграа Интер и Јувентус. Маурицио Сари го изненади Антони Конте со тактиката со „лажна деветка“, но и со пресингот што го играа неговите фудбалери во најголемиот дел од натпреварот.

Дербито со гол во раната фаза, во четвртата минута, го отвори Паоло Дибала. Пет минути подоцна Роналдо во соло акција ја погоди гредата.

По почетниот шок Интер ја стабилизираа играта и во 18 минута Лаутаро Мартинез израмни од пенал. На пеналот му претходеше играњето со рака на Матијас Де Лихт.

Во финишот на првиот дел играчите на Јувентус не реализираа две добри шанси, ударот на Роналдо го одбрани Хандановиќ, а потоа Португалецот постигна гол кој беше поништен поради офсајдот во кој се наоѓаше асистентот Дибала.

Јувентус во второто полувреме го диктираше ритамот, а Хандановиќ успеа да скроти еден опасен удар на Бернардески.

Интер имаше можност за втор гол по ударот на Весино, но топката која се одби од Де Лихт заврши во дирекот.
Во 80 минута одлична акција Роналдо-Бентакур која Игуаин ја заврши со гол.

Неколку минути по голот на Игуаин Весино се најде во шанса, но Шчешни навреме реагираше.

Јувентус по овој триумф ја презедоа водечката позиција од Интер.

Scroll to Top