Таткото на Гонзало Игуаин открил дека неговиот син ќе се пензионира по завршувањето на сезоната. Игуан има договор со Интер Мајами до крајот на сезоната. Фудбалската сезона во САД ќе заврши во ноември.
„Мислам дека нема да се врати во Аргентина и да одигра уште некоја сезона. Ми кажа дека ќе се повлече по завршувањето на сезоната. Се надевам дека ќе остане во фудбалот. Го разбира овој спорт, би било штета да не го искористи своето знаење“, рекол Хорхе Игуаин.
Во кариерата Игуаин бил играч на Ривер плејт, Реал, Наполи, Јувентус, Милан и Челси.