Top Sport

40+ за Јокиќ, Кајри, Дерозан и Ембид

Четворица играчи, изминатата ноќ во која стана јасно дека ЛА Лејкерс нема да играат во разигрувањето, постигнаа 40+поени. Двајца од нов забележаа победи (Џоел Ембид, Кајри Ирвинг), двајца не успеаја да победат (Никола Јокиќ, Демар Дерозан).

Никола Јокиќ игра во голема форма. На последните три натпревари има просек од речиси 39 поени. Изминатта ноќ, актуелниот МВП забележа дабл-дабл од 41 поен и 17 скока. Србинот не доби поддршка од соиграчите, што придонесе за поразот на Денвер од Сан Антонио 97:116.

Бруклин Нетс обезбедија место во плејин. Нетс славеа над Хјустон 118:105. До победата ги предводеше Кајри Ирвинг со 42 поени.

Филаделфија не се откажува од првото место на Истокот, Севентисиксерс славеа победа над Индијана 131:122. Најдобар во победата беше Џоел Ембид со 45 поени и 13 скока.

Во дербито на Истокот, Милвоки славеа убедлива победа во Чикаго 127:106. Булс со само еден играч не можеа да им се спротивстават на актуелните шампиони. Демар Дерозан на Милвоки им уфрли 40 поени.

На Истокот се води жестока борба за подобра позиција пред плејофот. Мајами се први со 52-28, а потоа следуваат три тима со 49-30 (Бостон, Милвоки, Филаделфија).

Резултати:

Индијана-Филаделфија 122:131
Орландо-Кливленд 120:115
Бруклин-Хјустон 118:105
Мајами-Шарлот 144:115
Торонто-Атланта 118:108
Чикаго-Милвоки 106:127
Минесота-Вашингтон 114.132
Оклахома-Портланд 98:94
Денвер-Сан Антонио 97:116
Јута-Мемфис 121:115
Сакраменто-Њу Орлеанс 109:123
Финикс-ЛА Лејкерс 121:110.

Scroll to Top