Top Sport

Игуаин контра „тренерите од фотелја“

Откако голем број на навивачи на Јувентус јавно коментираа за слабата игра на италијанскиот шампион при 2:2 ремито со Тотенхем во средата, аргентинскиот ас Гонзало Игуаин вели дека има многу фанови кои се експерти за играта на „нераѕурите“.

Игуаин постигна два гола во првите девет минути од натпреварот, за 2:0 водство во Торино, но по една утка пред полувремето, Хери Кејн намали на 2:1, за Кристијан Ериксен од слободен удар да го „реши“ мечот.

Игуаин на критиките одговори преку пост на Инстаграм.

„Многу е лесно да се зборува по натпревар од домашната фотелја. До 2:0 сè беше совршено, а потоа на 2:2 сите имаа поинакво мислење. Не не интересира и патуваме во Лондон по четврт-финале. Поздрав за сите кои сакаат добро на Јувентус“, вели Игуаин, кој има 20 постигнато голови за Јуве во сите натпреварувања оваа сезона.

Scroll to Top